За малите читатели

Едукативните новогодишни пакетчиња за умни дечиња

22.12.2021.
Едукативните новогодишни пакетчиња за умни дечиња

Додадете магија на претпразничниот амбиент, и израдувајте ги своите најмили со новите едукативни новогодишни пакетчиња за умни дечиња. Тие се трајни, забавни, интерактивни и што е најважно, не ги расипуваат забите!

Во понудата на „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ се новогодишни пакетчиња наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет години. Тие се исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, букмаркери, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. Пакетчињата се со уникатно и трајно новогодишно книжно пакување.

Во пакетчето за децата до пет години има боенка со стикери, новогодини букмаркер, честитка, бројалка и азбучна лента, како и сликовниците „Волшебна ноќ во шумата“, „Бајки од Македонија“ и новогодишната боенка „Зошто доцни Дедо Мраз“. Во збогатената верзија на пакетчето за деца до пет години застапени се и сликовниците „Беатрикс Потер“, „Снешко Смешко“ како и друштвена игра.

Во едукативните пакетчиња за деца над пет години застапени се книга од едицијата „Детски класици“, сликовницата со активности „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“, боенка Winter Tales, новогодишна боенка , честитрка, букмаркер, решаванки „Дина и Додо“,  висинометар, новогодин и балони, а во дополнетата верзија межу другото ја има и книгата „Новиот цар“  и друштвена игра, намента за деца над пет години.

Пакетчињата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“.

Каталогот со новогодишната понуда на „Литература.мк“ можете да го разгледате на следниот линк.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.5 MB