За малите читатели

Новиот филм инспириран од Приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер се прикажува во Синеплекс

12.08.2021.
Новиот филм инспириран од Приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер се прикажува во Синеплекс

Второто продолжение од новата филмувана верзија на приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер деновиве се прикажува во скопските кина „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. „Приказната за зајачето Питер“, напишана и илустрирана од Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи. Станува збор за безвременска книга што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот. Приказната за овој палав херој доби и две нови филмски верзии, првата во 2018 година, и втората - оваа година. Новиот дел од комедијата е со наслов „Зајачето Питер бегалче“ и е во режија на Вил Глак. Во главните улоги се јавуваат: Џејмс Корден, Маргот Роби, Елизабет Дебицки, Роус Брн и Домал Глисон.

Поминато е некое време откако зајакот Питер и Томас ги закопаа воените секири, иако привидно. Зајачињата формираат мало, импровизирано семејство, но и покрај сите настојувања, Питер никако не успева да се вклопи и да се ослободи од својата репутација на немирко. Барајќи нови авантури надвор од безбедноста на својот двор, Питер открива нов свет во кој неговите бељи ќе бидат ценети. Во моментот неговото семејство ќе одлучи да ризикува сѐ за да го пронајде, а тој мора да одлучи каков зајак сака да биде.

Илустрираната книга „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн на www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12785

Погледнете го трејлерот за филмот:

https://youtu.be/euGHcnyUo84

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.46 MB