Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината на снегот, зашто надвор секогаш беше зима...
Со овие зборови почнува новата книга за деца „Бакнежот на пролетта“, која е дел од едицијата „Нови бајки од Македонија“, во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Оваа поучна, повеќеслојна приказна, чијашто авторка е писателката Елизабета Баковска, раскошно е илустрирана од младата креативка Катерина Соколова.
Со сликовницата „Бакнежот на пролетта“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Денот на пролетта и екологијата (21 март).
Девојчето од оваа бајка ги слушало приказните на својата баба за пролетта и мечтаело дека еден ден ќе дојде. Но, неа ја немало. Па, така, тргнува во потрага по пролетта. По пат открива зошто таа не доаѓа веќе во нејзиниот град. Приказната има силна еколошка порака.
„Ах, да!“, воздивна јаболкницата. „Пролетта! Лично ја познавам. Пред многу време таа помина оттука. Толку ја беа налутиле луѓето од твојата земја што трчала и трчала од лутина и на крајот се уморила. Седна овде до мене, да се одмори. Милам дека беше и малку тажна. Пред да замине, ме прегрна и ме бакна. И еве оттогаш, од тој нејзина бакнеж, јас сум постојано расцутена.“
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во продажните места на „Литература.мк“ и онлајн преку: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14914