Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилја, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Исидора Мун е лик излезен од фантазијата на авторката Хариет Мункастер, но воедно таа е и непресушна инспирација за детски творби.
Светот на Исидора Мун е инспирација и за нашата нова работилница за деца, која ќе се одржи на 20 ноември (недела), во 12 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“.
Ги очекуваме сите фанови на Исидора, сите мали и големи самовили и волшебници, и по некое вампирче, заедно да направиме креативна самовилска магија, со боички, боенки и светки.
Серијалот „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер неодамна беше збогатен со 14-тата книга објавена на македонски јазик: „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега се објавени и: „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“, „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун ја запознава Забовилата“.
Во секое издание Исидора минува низ нова авантура, нов предизвик, учи нова лекција и запознава нови другарчиња. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Како и сите деца, таа сака да другарува, да игра, да истражува, да твори и, пред сѐ, да биде своја. Таа учи, сознава, а понекогаш запаѓа и во неволја. Но, секоја приказна завршува со убава, топла порака и поука за децата, но и за родителите.
Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на https://www.literatura.mk на следниот линк: