Серијалот „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер деновиве се збогати со уште една волшебна приказна во која Исидора учи за вселената на училиште. Станува збор за „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во новата, возбудлива приказна, Исидора една ноќ здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од небото и запознава нова светлечка другарка. Таа се вика Нова и не требало да падне на Земјата. Притоа, го загубила своето месечево мачорче Плутон! Тргнуваат во потрага што се претвора во незаборавна авантура. Откријте дали Исидора ќе ѝ помогне на Нова да го најде загубеното мачорче пред да се врати дома?
Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, таа е по малку од двете, но целосно уникатна. Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче.
Ова е 14-та книга од овој серијал објавен на македонски јазик. Досега се објавени: „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“, „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун ја запознава Забовилата“.
Во секое издание таа минува низ нова авантура, нов предизвик, учи нова лекција и запознава нови другарчиња. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не се движи секогаш според планот.
Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на https://www.literatura.mk на следниот линк: