За малите читатели

Со едукативниот серијал Учиме со Софија ја одбележуваме Детската недела

04.10.2022.
Со едукативниот серијал Учиме со Софија ја одбележуваме Детската недела

Децата се непроценливо богатство, тие се нашата иднина и најзначајна инвестиција. Секое дете треба да расте безгрижно, во мир, опкружено со љубов, заштитено и згрижено. Најдобро се вложува во иднината на децата со квалитетно образование и со пристап до соодветна литература. Нашата издавачка куќа, секојдневно, со секоја нова книга за деца, со многуте едукативни и дидактички изданија, го поддржува среќното растење на децата.

Една од главните наши мисии е да ја направиме литературата за деца подостапна до сите, преку публикации, кампањи и разни активности. Секој ден, го славиме и му се радуваме на секое дете, на секој млад и иден читател. Како дел од нашата заложба за подигнување на читачките навики, како и обезбедување на соодветни образовни материјали за децата, се приклучуваме кон одбележување на Детската недела, која традиционално се одбележува во првата недела од октомври.

Од богатата издавачка понуда, го издвојуваме едукативниот серијал „Учиме со Софија“, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за серија од 15 книги со активности преку кои децата на забавен начин и со помош на различни илустрации ќе научат многу нови нешта. Заедно со главната протагонистка, малечката Софија, децата ја учат азбуката, вежбаат почетно пишување и ги учат музичките ноти и основните поими од музиката. Вежбаат математика, односно собирање и одземање до 10, како и форми и мерки. Се запознаваат со англискиот, германскиот и францускиот јазик.

Сите книги од серијалот „Учиме со Софија“ се достапни во книжарниците на „Литература.мк“, како и онлајн на https://bit.ly/3mPP4an.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.47 MB