За малите читатели

Преку стиховите од сликовницата Бои, мои и твои од Томе Сиљаноски најмалите ги учат боите

23.06.2022.
Преку стиховите од сликовницата Бои, мои и твои од Томе Сиљаноски најмалите ги учат боите

Новата сликовница „Бои, мои и твои“ од авторот Томе Сиљаноски деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата уредувана од Оливера Ќорвезироска е наменета за најмалите деца, за гледање, слушање и читање.

За сè заедно, доколку децата веќе научиле, или за двете други нешта, доколку тие сè уште не научиле да читаат самите. „Бои, мои и твои“ подучува на осумте бои (зелена, црвена, портокалова, сина, жолта, виолетова, кафеава, розова) и на црната и белата поместени на крајот од „палетата“ на книгата, преку куси стихови-четиристишја, во кои токму конкретната боја е лирскиот херој. Едноставниот ликовен и поетски израз придонесуваат учењето, препознавањето и именувањето на боите да се совлада на игрив и забавен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14921

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB