За малите читатели

Необичното розово ладало – нова авантура на тинејџерка-детектив Енола Холмс

20.06.2022.
Необичното розово ладало – нова авантура на тинејџерка-детектив Енола Холмс

По „Исчезнатиот маркиз“, „Левораката дама“ и „Бизарните букети“ од печат излезе четвртата книга од серијалот за Енола Холмс од авторката Ненси Спрингер – „Необичното розово ладало“. Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ за авантурите на помалата сестра на познатиот детектив Шерлок Холмс на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Главната протагонистка во книгите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив. Досега, во периодот од 2006 до 2010 година, во Англија се објавени вкупно шест продолженија на серијалот. „Бизарните букети“ е третата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.

На основа на приказните од бестселер-романите снимен е филмот „Енола Холмс“, објавен во 2020 година на „Нетфликс“, со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер. Популарниот стриминг-сервис објави дека во текот на 2022 година се очекува премиерата и на второто продолжение.

Во „Необичното розово ладало“ Енола е во шок откако добива очајна, но скриена порака од својата познајничка леди Сесили: мора да ѝ помогне, ама не знае како. Овој комплициран случај – во чијшто центар се наоѓа едно необично, розово ладало – ја принудува Енола да истражува низ целиот Лондон, за да сфати конечно: леди Сесили е заробеничка! За случајот, исто така, заинтересиран е и нејзиниот постар брат, Шерлок. Дали Енола може да му верува? И дали може да ја спаси Сесили навреме?

Во продолжение да се потсетиме на содржините на првите три книги:

„Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“. Кога Енола ќе открие дека мајка ѝ е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и од сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

Во втората книга од серијалот, „Левораката дама“, Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ѝ е, ни помалку ни повеќе, нејзиниот постар брат Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му се измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на леди Сесили, што ѝ оставаат силен впечаток. Но, леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

Во „Бизарните букети“ д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет испратен во домот на д-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора колку што е можно побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://bit.ly/3xLcMbM

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.84 MB