За малите читатели

Нови авантури со Дина и Додо за велигденските празници

19.04.2022.
Нови авантури со Дина и Додо за велигденските празници

Овие велигденски празници израдувајте ги најмладите со новите авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и приказни се новите боенки, книги со активности и картички, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

На голема радоста на сите љубители на популарниот серијал за деца „Дина и Додо“, овој празничен период пристигнаа пет нови интерактивни изданија. Станува збор за книгите со активности „Дина и Додо: Велигденска потрага“ и „Дина и Додо на фарма“, боенките „Бој со Дина и Додо 7: Зоовантура“ и „Бој со Дина и Додо 6: Животот на фарма“, како и играта со картички: „Составувај приказни со Дина и Додо“.

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Во „Авантурите на Дина и Додо“ читаме приказни, решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и... раскажуваме свои приказни! Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!

На сите љубопитковци им откриваме што им носат новите изданија од овој серијал.

„Дина и Додо: Велигденска потрага“

Преку новото интерактивно издание: „Дина и Додо: Велигденска потрага“, решавајќи ги загатките, децата ќе учат и истовремено ќе се забавуваат за време на празниците.

Низ оваа вежбанка, инспирирана од велигденските празници, децата ќе најдат многу забавни активности и загатки за решавање – од лавиринти и пронаоѓање на различни или исти предмети, цртање од точка до точка, боење, до откривање на скриени предмети и зборови, активности со броење и собирање и судоку загатки! Овие книги се добри за развој на логичките капацитети и способности кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14875

„Бој со Дина и Додо 7: Зоовантура“

Низ страниците на боенката „Бој со Дина и Додо 7: Зоовантура“ наменат за најмладите, децата ќе најдат најразлични илустрации со Дина и Додо, кои можат да ги обојат по своја желба! Овие изданија со омилените животни од зоолошката градина помагаат во развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини), за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14877

„Дина и Додо на фарма: книга со активности 2“ и „Бој со Дина и Додо 6: Животот на фарма“

Дина и Додо за време на празниците посетуваат една фарма. Таму помагаат во чување на животните и одгледување на овошјата и животните. Таму се случуваат многу интересни авантури. Потребна им е помош да ги решат сите загатки, лавиринти, пронаоѓање на различни или исти предмети, цртање од точка до точка, боење, до откривање на скриени предмети и зборови, активности со броење и собирање и судоку загатки.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14874

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14876

Сите изданија од серијалот „Дина и Додо“ се достапни во книжарниците на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3syZbDk

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.49 MB