Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Исидора Мун е лик излезен од фантазијата на авторката Хариет Мункастер, но воедно таа е и непресушна инспирација за првоаприлски маски.
Од 29 март до 5 април (вторник), на профилот на „Литература.мк“ „Фејсбук“ и „Инстаграм“, ги очекуваме фотографиите со првоаприлски маски со мотиви од светот на Исидора Мун. Најинтересните ќе бидат наградени.
Овој први април е во знакот на Исидора Мун. Во очекување на денот на шегата (петок, 1 април), со купена книга од серијалот за Исидора Мун, во „Литература.мк“ ќе следуваат крилјата на Исидора Мун. Со нив ќе ја комплетирате својата првоаприлска маска инспирирана од книгите на Хариет Мункастер.
Во продолжение погледнете ги чекорите што треба да ги минете за да „летате“ како Исидора Мун на Први април:
1. Исечи ги крилјата по непрекинатите линии. Одбери која страна ќе ја декорираш (розовата или црната или, пак, двете).
2. Исечи мали дупки во крилјата (исто така, побарај помош од возрасен). Протни ластик низ дупчињата и носи си ги крилјата како Исидора Мун!
3. Можеш да им додадеш лепенки со ѕвездички или светки. Исидора многу сака светки!
Во што да се маскира Исидора Мун?
Се наближува роденденот на Исидора Мун. Татко ѝ предложува да направат традиционална вампирска забава, а мајка ѝ претпочита типичен самовилски роденден. Но, Исидора посакува вистински детски роденден каков што имала нејзината другарка Зои ‒ со маски. На нејзината среќа ќе нема крај, кога родителите ќе ѝ дозволат да има роденденски маскенбал. Но, таа се двоуми, во што да се маскира? Во дуќанот за костими за маскенбал има голем избор: дали да биде балерина, сирена, диносаурус, сладолед, принцеза, вештерка или, пак, можеби како Розовото зајаче? Каква маска ќе избере Исидора и во што ќе бидат маскирани нејзините другарчиња прочитајте во „Исидора Мун слави роденден“... Како вие ќе се маскирате овој Први април?
Серијал со 12 книги на македонски јазик
Издавачката куќа „Арс Ламина“ досега има објавено 12 изданија на македонски јазик од серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер. „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“ и „Исидора Мун оди на свадба“. Во секое издание таа минува низ нова авантура, нов предизвик и учи нова лекција. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не се движи секогаш според планот. Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk на следниот линк.