Блог

Блог

Прво читање на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
29.
Oct
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А понепознато од сопствениот ум нема.
Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања
25.
Oct
Првата стручна книга на македонски јазик што се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања „Бубрег и бременост“, од проф. д-р Билјана Герасимовска, беше промовирана вчеравечер (24 октомври), во преполната „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Кон публикацијата, која е во издание на „Арс Ламина“ се осврнаа рецензентките проф. д-р Катица Зафировска и проф. д-р Ѓулшен Селим. Настанот беше збогатен со музички настап на Елизабета Мицева на виолончело.
Промоција на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
24.
Oct
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.
„Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска –  нова книга за специјалистичко следење на бремените пациентки
22.
Oct
Стручната книга „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска ќе биде промовирана на 24 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Катица Зафировска и проф. д-р Ѓулшен Селим. Книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања. Станува збор за прва публикација на оваа тема на македонски јазик.
Влада Урошевиќ: Постојаното учење нѐ збогатува и ни ги обновува виталните сили
19.
Oct
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, македонската книжевна и културна фела му оддаде почит на академик Влада Урошевиќ, во чест на неговиот 90. роденден.
„Само ова лето“- за исцелувачката моќ на љубовта
16.
Oct
„Само ова лето“ од Аби Хименез има сѐ што ѝ е потребно на една романса за да не биде жанровски потценета - зрелоста на драма и ковалентните карактери на ликовите. Ова е роман за сите што сакаат да го продолжат летото, но во никој случај не е само роман кој хронолошки припаѓа на летото, туку Хименез толку лукаво го оптегнува од есен до есен за периодот кој е најцврсто сврзан за годишниот одмор да потрае.
„Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска –  нова книга за специјалистичко следење на бремените пациентки
15.
Oct
Стручната книга што се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања „Бубрег и бременост“, од проф. д-р Билјана Герасимовска, излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Станува збор за прва публикација на оваа тема на македонски јазик. Оваа книга содржи повеќе практични упатства кои се однесуваат на следење и третман кај жени кај кои бубрегот првпат е засегнат во текот на бременоста, како и кај жени кои веќе имаат бубрежно заболување.
„Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ
14.
Oct
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври  (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.64 MB