Блог

Блог

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева
14.
Nov
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото влијание врз нормата. Во делото се опфатени: Македонскиот јазик во основното образование со посебен акцент на програмското подрачје јазик; Анализа на гласовните промени во писмените текстови; Консонантски групи во почетна, медијална и финална позиција; Финални согледувања од анализите и насоки за подобрување. Изданието  е заокружено со прилози и резиме на македонски и англиски јазик, како и список на богата користена литература.
„Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански
12.
Nov
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис “, дел од „Арс Ламина – публикации“, е класифицирана во едицијата „Македонски книжевни класици“, придружувајќи им се на реобјавените дела на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ,  Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Јадранка Владова и многу други.
Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ
05.
Nov
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија.
Работилница за изработка на кукли со Калиопи Трпчева - инспирирана од сликовницата „Шила“
04.
Nov
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на Skopje Design Week 2024. На настанот, кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, учесниците ќе изработуваат кукли од  рециклирани материјали: картон, хартија, текстил, копчиња, волница и друго. Работилницата ќе ја води илустраторката на сликовницата, Калиопи Трпчева, која ќе им помогне на децата да ги направат своите уникатни кукли/човечиња и да ги именуваат според своите емоции. 
Почина Оливера Николова, мајката на сите македонски писателки
04.
Nov
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88-годишна возраст.
Јана Мишо: Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“
01.
Nov
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, популарната македонска авторка  Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Рецензија: „Што се случи со Исидора?“ е роман за кревкоста на менталното здравје
30.
Oct
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и светски славна писателка Ноемија Нера. Каприциозната, скандалозна, надмена и разгалена како филмска ѕвезда, Ноемија, жената што можеби и не требало да стане мајка, и по смртта, продолжува да биде мајкиште, повеќе маќеа одошто мајка, кучка, ако сакате, зашто сиот имот (а не е малку) го остава само на една од ќерките, со услов да не го продава ниту подарува во наредните десет години.
Прво читање на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
29.
Oct
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А понепознато од сопствениот ум нема.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.59 MB