Блог

Блог

Кои се најпродаваните изданија од „Арс Ламина“ во 2024 година?
10.
Jan
Најпродавана книга за возрасни во 2024 година е „И јас сум Сирма“ од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф. Најпродаваното издание за деца е „Си беше еднаш“, со нова раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска и илустрации од Наталија Лукомска. Во категоријата со образовни изданија, пак, најбарана беше збирката Математика 6.
„Нетфликс“ објави серија базирана на класикот „Сто години самотија“ на Маркес
27.
Dec
Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена ТВ-серија на популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“. 
Наскоро: Сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков, во чест на Кафка
26.
Dec
Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето и куклата што патува“. 
„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“
19.
Dec
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“. 
„Одобрено од Дедо Мраз“ за неповторливи празнични моменти со „Литература.мк“
17.
Dec
Од 14 декември до 12 јануари, започнува големата акција „Одобрено од Дедо Мраз“ во книжарниците на „Литература.мк“ и на www.literatura.mk. Подгответе се за најубавите празнични моменти и откријте специјални новогодишни попусти до 40% на книги, декорации, играчки и производи од реномирани брендови!
Што го инспирираше Алекс Мајклидис да го напише романот „Фурија“?
17.
Dec
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати извори за неговото најново дело – „Фурија“. Сите ги сакаат приказните што се случуваат во Грција, а Мајклидис, кој потекнува од Кипар, е под особено влијание од својата татковина. Тука се и несопирливите сили на Холивуд и терапијата.
Биографската книга за спортската легенда Јован Спасеновски-Џагула ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
05.
Dec
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промовирана на 11 декември (среда), во 18:30 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. 
Маша Колановиќ: Како писател мислам дека секогаш почнувам одново
30.
Nov
На македонските читатели Маша Колановиќ им стана позната преку преводите на издавачката куќа „Арс Ламина“ на романот за млади и возрасни „Барби од подрумот“ и збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“, која е дел од едицијата „Порта Европа“ и за која ја доби престижната Европска награда за литература за 2020 година. Стилот на Колановиќ е игрив и стегнат помеѓу обрачот на реализмот и надреализмот, таа пишува и со разумот и со срцето, полнејќи една фистула која не е лесно да се одвои на десно и лево, гнило и здраво ткиво во приказни што истовремено го вџашуваат и одушевуваат читателот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.61 MB