Блог

Блог

„Повеќе магични приказни“ во чест на Светскиот ден на книгите за деца
02.
Apr
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до десетти април. Во рамките на кампањата ќе има попусти до 60% на изданија за најмладите читатели, од повеќе издавачки куќи, застапени во „Литература.мк“.
Одбележуваме 95 години од раѓањето на писателот Милан Кундера
01.
Apr
На денешен ден (1 април), пред 95 години во Брно, (некогашна) Чехословачка, е роден еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера. Чешкиот автор, кој почина минатата година, зад себе остави богато книжевно творештво, меѓу кои и култните книги: „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Смешни љубови“, „Книгата за смеата и за заборавот“ и други.
Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца
29.
Mar
Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 2 април (вторник), во 18 часот, пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Промотор на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а специјален гостин ќе биде фолклористот Иван Котев. Со овој настан го одбележуваме Светскиот ден на книгите за деца.
Го одбележуваме Светскиот ден на пијаното со книги во ритам на музиката
28.
Mar
Пијаното и музиката често се инспирација за книжевноста. Многу познати наслови произлегле од оваа синергија меѓу двете уметности. Разликата меѓу музиката и книгите, како што има кажано познатиот британски книжевник К. С. Луис, „е иста разлика како меѓу пријателството и љубовта. Едното е мирно и лесно те прави среќен, а другото е некакво лудило. Ние го поседуваме едниот, а другиот нè поседува нас“.
Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот
27.
Mar
Во чест на Светскиот ден на театарот со книгите, потсетуваме на три значајни книги, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“:  монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ од  Ана Стојаноска, „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова и „Да се почне одново“ од Драган Клаиќ. 
За овој Први април стани херој и „Влези во легендите“!
26.
Mar
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%, во која сите љубители на легендарните авантури може да си ги набават потребните колекционерски дрвени и кожни реквизити, вешто креирани по мерка на фантазијата. Германскиот бренд за играчки VAH ексклузивно е достапен во понудата на „Литература.мк“, со квалитетни играчки од природни материјали,  изработени со посебно внимание на деталите. Нивната традиционална изработка ја оживува историјата.
Светот на Pokémon оживеа во „Литература.мк“
25.
Mar
Светот на Pokémon оживеа во Скопје! Како на светските собири посветени на мегапопуларната јапонска анимирана франшиза, „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во саботата (23 март) неколку часа беше епицентар на феноменот Pokémon. Неколку стотици македонски фанови, од повеќе генерации, беа дел од првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој „Литература.мк“ го организираше во соработка со „Комикс“ и „Пагода“.
Со едицијата „Порта Европа“ го одбележуваме Денот на европските автори
25.
Mar
Со книжевната едиција „Порта Европа“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Денот на европските автори, кој се прославува на 25 март, втора година по ред.    
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.66 MB