Блог

Блог

„Си беше еднаш“ е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации
12.
Apr
Си беше еднаш... Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ вчеравечер (11 април), со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова
11.
Apr
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Kнигата со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
09.
Apr
Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор.  
Васил Мукаетов: Во сите мои песни навивам за децата
05.
Apr
Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој, вчеравечер, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ја промовираше својата нова книга „Има ли и страна петта?“.
„Магијата на приказните“ со најубавите бајки на сите времиња
05.
Apr
Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распознаат своите емоции, како да постапуваат во различни ситуации... Приказните, исто така, ги потсетуваат возрасните на најдобрите човечки особини. Дали вие имате омилен лик или некој со кој се идентификувате? Дали сакате да откриете во која бајка припаѓате?
Промоција на „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов во „Литература.мк“
04.
Apr
Новата книга „Има ли и страна петта?“ на еден од најплодните македонски писатели за деца, Васил Мукаетов, ќе биде промовирана денес, на 4 април (четврток), во 18.30 часот, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Промотори ќе бидат Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
„Рокчето“ од Никола Маџиров се врати дома, во Струмица
03.
Apr
Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров, чија приказна е поврзана со настанување на градот Струмица, се врати дома – во градот под Царевите Кули. На Светскиот ден на книгите за деца (2 април), во присуство на многубројни млади читатели, родители, книжевници и новинари, пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица, беше промовирана книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Покрај Маџиров, кон неговата прва книга за деца се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска, илустраторката Анета Илиевска и специјалниот гостин на настанот, фолклористот Иван Котев.
„Повеќе магични приказни“ во чест на Светскиот ден на книгите за деца
02.
Apr
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до десетти април. Во рамките на кампањата ќе има попусти до 60% на изданија за најмладите читатели, од повеќе издавачки куќи, застапени во „Литература.мк“.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.27 MB