Образование

Кои 10 образовни изданија беа најбарани во „Литература.мк“ во септември?

12.10.2022.
Кои 10 образовни изданија беа најбарани во „Литература.мк“ во септември?

Образованието е најважната инвестиција во животот на децата, но и во иднината на едно општество. За соодветна едукација, покрај стручните кадри, потребна е и адекватна литература: едукативни изданија, вежбанки, прирачници, работни тетратки…

Тие се од голема помош, не само за учениците во совладување на материите по повеќето предмети туку се и од корист за наставниците во успешна реализација на часовите. Од богатата понуда на образовни изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“, застапени во книжарниците „Литература.мк“, на почетокот на оваа учебна година најбарани беа новите вежбанки по македонски јазик, математика и општество за пониските одделенија во основните училишта. Голем интерес имаше и за вежбанките „Музичка работилница“ (6-9 одд.), Македонски јазик 6-9, вежбанка со тестови, Математика 1-6, Збирка задачи со тестови, Биологија 7 и 8 и Физика 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности, како и едукативниот серијал „Учиме со Софија“.

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија од областа на образованието, во книжарниците на „Литература.мк“ во септември.

1. Македонски јазик 1, вежбанка за 1 одделение од Наташа Тодоровска и Билјана Стојоска-Златков

Вежбанката по предметот македонски јазик за прво одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.

Во вежбанката детето ќе учи како да ги препознава гласовите во зборови, како правилно да ги пишува малите и големите печатни (наместо кирилични) букви од македонската азбука, да пишува и да чита зборови и кратки реченици.

Таа има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини по македонски јазик, на ученикот, низ игровни активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот во описменувањето на своето дете.

2. Математика 1 и 4: вежбанка по математика за прво / четврто одделение

Најновите изданија Математика 1 и 4: вежбанка по математика за прво / четврто одделение се создадени според програмата за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.

Вежбанката по предметот математика за прво одделение во основното деветгодишно образование е создадено од авторскиот тим Билјана Стојоска-Златков, д-р Слаѓана Јакимовиќ, м-р Ирена Богданоска. Во вежбанката детето ќе учи како да ги препознава 2Д- и 3Д-формите, како правилно да ги пишува броевите, да собира и да одзема до 10, да брои, да споредува и да класифицира предмети според одредени карактеристики.

Математика 4: вежбанка по математика за четврто одделение во деветгодишното основно образование е напишана од Ана Сенчук и Катерина Атанасова. Во вежбанката детето ќе учи како да ги препознава својства на 2Д- и 3Д-формите, како правилно да ги пишува големите броеви, да ги изведува аритметичките операции со броеви до 10000, да користи мерни единици за маса, должина и течност, да пресметува периметар и плоштина на 2Д-форми и да користи дијаграми и графикони за претставување податоци.

3. Општество 1 и 3, Вежбанка за 1 и 3 одделение од м-р Татјана Неческа

Вежбанката по предметот општество за прво одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа. Таа има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини, а на ученикот, низ игра и активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата.

Вежбанката по предметот општество за трето одделение во основното деветгодишно образование има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните цели, а на ученикот низ игра и активности полесно да ги совлада содржините предвидени со програмата.

4. Музичка работилница од шесто до деветто одделение

Во музичкото образование спаѓа поучување и учење музика. Музичкото образование ги опфаќа сите домени на учење, вклучувајќи го и психомоторниот домен (развој на вештини), когнитивниот домен (стекнување знаење) и афективниот домен (подготвеноста на ученикот да прима, да даде свој „печат“ и да споделува што се учи).

Истражувањата покажале дека учењето музика го олеснува учењето други предмети и ги зајакнува вештините што децата неизбежно ги користат во други области.

Вежбанките по музичко образование од шесто до деветто одделение на основното образование – „Музичка работилница“, содржат вежби и активности според целите и содржините на темите во наставната програма за соодветните одделенија: пеење, свирење, запознавање со народното творештво, слушање музика од домашни и странски автори, како и музика од сите народи кои живеат во нашата држава.

5. Македонски јазик 6-9, вежбанка со тестови од Наташа Ацевска

Вежбанките по македонски јазик се наменети, пред сè, за учениците од основното образование. Концепциски ги содржи Наставниот план и програмата дадени од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Вежбанките се состојат од три дела. Во првиот дел се вклучени вежби од сите содржини што ја сочинуваат областа јазик. Наставните теми се: историски развој на македонскиот јазик, фонетика и фонологија, морфологија, синтакса, лексикологија и правопис. Во вториот дел се вклучени вежби од сите содржини што ја сочинуваат областа литература. Наставни теми се: литература (проза, поезија и драма), изразување и творење и медиумска култура. Во третиот дел се дадени тестови наменети за проверка на степенот на совладаноста на темите.

6. „Учиме со Софија“

„Учиме со Софија“ е серијал изданија со активности преку кои децата на забавен начин и со помош на различни илустрации ќе научат многу нови нешта. Со овие книги децата ќе ја научат азбуката заедно со малечката Софија, ќе вежбаат пишување на прави, коси и криви линии и ќе ги научат музичките ноти и основните поими од музиката.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3mPP4an.

7. Математика 1-6, Збирка задачи со тестови

Овие книги претставуваат збирка на задачи и тестови по математика според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ, која е адаптирана и одобрена од страна на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија. Содржините во збирките се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во програмата и упатството дадени од страна на Бирото за развој на образованието и во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици. Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се содржани учебникот, работната тетратка, прирачникот за наставници и други ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за соодветните одделенија.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

8. Математика I – IV, Збирка задачи со тестови (за средно образование)

Збирките ја следат наставната програма по математика од I до IV година во средното образование и претставува додатно дидактичко помагало за учениците и наставниците. Збирката содржи задачи со практична примена на наученото, сложувалки, загатки, задачи за талентирани ученици и за натпревари. Како дополнителна помош за наставниците и учениците, се и тематските тестови, составени од повеќе тежински задачи за препознавање, сфаќање и примена на знаењата. Збирката е збогатена и со тематски ИКТ-содржини за продлабочување и примена на изученото преку практични активности.

9. Биологија 7 и 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности од Биљана Илиева и Силвана Ристевска

Овие изданија претставуваат надополнување и проширување на новата предвидена програма по биологија за седмо и осмо одделение во основното образование донесена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, а во согласност со програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Збирките имаат за цел да го прошират знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по биологија во средното образование. Прашањата и задачите во овие збирки имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Воедно, бројните прашања и задачи можат да послужат и за подготовка на учениците за различни тестирања и натпревари. Следејќи го редоследот на наставните цели од наставната програма, секоја збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Темите започнуваат со прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел, дадени се тестови предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. Дадени се примери и за полугодишни и годишни тестови. На крајот од збирката, наведени се активности и експерименти за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

10. Физика 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности

Оваа збирка претставува надополнување и проширување на предвидената програма по физика за основното образование и има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по физика во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Збирката е поделена на четири теми што започнуваат со краток вовед и проширување на материјалот предвиден со новата адаптирана наставна програма. Следејќи го редоследот на наставните цели, дадени се прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематско знаење предвидено за секој час. За секоја тема, дадени се дополнителни прашања и задачи, како и тестови предвидени да го сумираат и да го оценат знаењето на учениците. Прашањата и задачите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање и натпревари, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката, наведени се и по неколку активности за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Збирката претставува важна компонента во дидактичкиот комплет по физика во издание на „Арс Ламина“, како и незаменливо помагало во наставата по физика воопшто. Одговорите на прашањата и решенијата на задачите содржани во оваа збирка се достапни на нашата интернет-страница obrazovanie.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

29.
Dec.
Образование
Читањето е активност што ве сели на некое друго место, во некои други светови и токму затоа просторот во кој читаме е од огромна важност особено за децата ко...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.91 MB