Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“ обезбеди награди што им беа доделени на учесниците на настанот што се одржa од трети до осми август, на кејот во центарот на Охрид, пред хотелот „СУ“.
Покрај шахистите од ШК „Ласкер“ – Охрид: Александар Алексовски, Никола Николовски, Елена Лушеска, Андон Колоски, Емилија Лушеска, Филип Неделкоски и Јована Котушеска, на настанот гостуваа и првакот на Македонија за 2021 година – Филип Михов и Емил Ристески, членови на ШК „Алкалоид“ – Скопје, кои одиграа многубројни блиц-партии со темпо на игра 5'+3' со многубројните минувачи.
На натпреварувачите им беа доделени ваучери со попуст на книгите со шаховска тематика во издание на „Арс Ламина“: „Шах за деца“ од Сабрина Шеванес и „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис (на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“), како и за шаховски табли што можат се најдат во книжарниците „Литература.мк“. „Арс Ламина“ обезбеди и тефтери и пенкала за шахистите.