Вести

Ќе се снима серија по романот Мојата прекрасна сопруга од Саманта Даунинг

27.07.2021.
Ќе се снима серија по романот Мојата прекрасна сопруга од Саманта Даунинг

Студиото „Амазон“ во соработка со компанијата „Блосом филмс“ на Никол Кидман ќе сними серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг. Станува збор за мини ТВ-серија, која ќе го носи истиот наслов како и книгата. Лимитираната серија ќе биде емитувана на стриминг-сервисот на „Амазон“. Сè уште не е познато дали во неа ќе игра Никол Кидман.

Бестселерот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, кој имаше номинација за најдобар роман на книжевната награда „Едгар“, минатата година излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел до „Арс Ламина – публикации“. За кратко време стана еден од најчитаните романи од полиците на „Литература.мк“.

Едно случајно убиство кај една брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера.

Сите ние имаме тајни со чијашто помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна…

Неодамна во издание на „Арс Либрис“ од печат излезе и втората книга од Саманта Даунинг, „Тој почна сè“. Исто така напнат семеен трилер што веднаш станат интернационален бестселер.

Приказната се врти околу сестрите Бет, Порша и братот Еди Морган. Тие не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството. Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите. Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини. Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.

Книгите „Мојата прекрасна сопруга“ и „Тој почна сè“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8896

Извор: https://the-bibliofile.com/my-lovely-wife-amazon-movie-release-cast-trailer-film/

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.45 MB