Вести

Романот Архангел од Даниел Бибовски претставен на српскиот фестивал за детска книжевност – Змајеве дечје игре

12.06.2021.
Романот Архангел од Даниел Бибовски претставен на српскиот фестивал за детска книжевност – Змајеве дечје игре

Утопискиот научно-фантастичен роман „Архангел – Ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски беше претставен на еден од најголемите фестивали за детска книжевност во Србија – „Змајеве дечје игре“. Научен осврт кон романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, направи проф. д-р Јованка Денкова од Македонија. Нејзината статија ќе се најде и во списанието „Детињство“, кое е единственото научно списание за детска книжевност во Србија.

– Меѓународниот центар за детска книжевност „Змајеве дечје игре“ секој јуни, во Нови Сад, организира неколкудневна манифестација посветена токму на литературата за деца. Проф. д-р Јованка Денкова, која е поранешен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, 12 години по ред учествува на овој настан, а на моја огромна чест, реши оваа година да учествува со статија токму за „Архангел – Ослободување на ѕверот“. Неизмерно сум благодарен на професорката Денкова и се надевам на наша идна соработка. Нејзината статија ќе се најде и во списанието „Детињство“, кое е единственото научно списание за детска книжевност во Србија – вели Даниел Бибовски.

Во текстот со наслов „Еден нов научно-фантастичен роман за млад или за ослободувањето на ѕверот во нас како нов начин за опстанок“ се вели дека „Архангел“ е повеќеслоен, сложен и роман што може да се чита и да се толкува од повеќе аспекти.

„Се работи за еден интересен, современ научно-фантастичен роман за деца, а особено за млади, и тоа од повеќе причини. Прво, главниот лик е адолесцент кој во најбурниот период од својот живот, притиснат од турбуленциите во општеството и заканата што се надвиснува над него, а особено од притисоците и омаловажувањата што ги трпи од семејството на неговите посвоители, за што се обидуваат да го задушат неговото право на слободен избор за својата идна професија, е принуден да се оддалечи од својот дом, како јунаците на сказната. Како придвижувач на таа акција – оддалечување од домот се јавува и една повисока цел, да се спаси компјутерот кој е негово дело, а кој одредени структури сакаат да го злоупотребат за свои цели за да се затскрие вистината за неколку катастрофални уривања на згради. На тој начин, младиот Адам се јавува во улога на спасител на човештвото на Земјата. Истовремено, не треба да се занемари и фактот дека на тоа патување тој созрева и расте, па истото се доживува и како своевидна иницијација, како потрага во пронаоѓањето на својот идентитет, барање на одговори на прашањата: кој е, од каде, каде му се родителите, зошто го оставиле итн.“, се вели во статијата на проф. д-р Јованка Денкова.

Целата статијата за „Архангел“ во списанието „Детињство“ можете да ја прочитате на следниот линк:

https://www.literatura.mk/files/images/slike_clanaka/description/16487/Detinjstvo_02_2021.jpg

„Архангел – Ослободување на ѕверот“ е дебитантски роман на младиот автор Бибовски. Книгата беше промовирана во декември 2019 година во книжарницата „Литература.мк“. Илустрацијата на корицата е дело на Оливер Коларевски.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13622

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.46 MB