Детската имагинација е безгранична, разиграна, ведра и инспиративна, а до 11 април сите книжарниците на „Литература.мк“ ќе бидат едно големо игралиште, каде што секое дете ќе може да најде книги и голем број производи што ќе бидат на попусти до 50 отсто.
За љубопитните млади читатели, селекцијата на сликовници и детски изданија е широка. По намалени цени можат да се најдат голем број книги меѓу кои: „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 2“ од Елена Фавили и Франческа Кавало, „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ од Бен Брукс и Квинтон Винтер, „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов, „Токму такви приказни“ од Радјард Киплинг, „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков, „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ од Оливера Ќорвезироска, како и сите делови од серијалот за Исидора Мун. Дополнително на попуст се изданијата во рамките на едицијата „Бајки од Македонија“, „Џорџ и тајниот клуч на универзумот“ од Луси и Стивен Хокинг, „Доктор Проктор и големата кражба на злато“ од Ју Несбе, како и голем број дела на англиски јазик.
Во суперсторот „Литература.мк“, лоциран во „Скопје сити мол“, ќе можат да се најдат голем број производи од различни брендови, како што се едукативни играчки од брендовите 4M, „Матадор“ и „Енгино“; играчки од VC; коцки од „Кого“ и „Коби“; сложувалки од „Блубрд пазл“ и „Технодидатика“; модели од „Енимал планет“; стикери за на ѕид од „Абис корп.“; паричници, маички, зимски капи и дуксери од „Kесда“; капчиња од „Ерик“ и тротинети од „Микро“.
Целиот каталог за Деновите на детската имагинација можете да го погледнете на следниот линк.