Издавачката куќа „Арс Ламина“ и сајтот за е-трговија „Групер“ реализира соработка со која голем број од книгите и новите изданија ќе можат да се купат и на grouper.mk
Огромна селекција на бестселери, книги за најмладите читатели, трилери, биографии, здравје и живот, лектири, сликовници, како и книги фокусирани на учење низ игра се само дел од изданијата што можат да се нарачаат преку „Групер“ на следниот линк.

Со цел да им се приближат книгите до читателите во време на пандемијата и да им се отворат различни опции за онлајн-нарачка, „Арс Ламина“ ја реализираше соработката со grouper.mk.
Листата постојано ќе се „освежува“ и со нови книги и понуди со кои секој ќе може да ја освежи својата домашна библиотека по пристапни цени.