Вести

Да се почне одново – сезона 2021 на Велешкиот театар што се реализира во соработка и со Арс Ламина

15.03.2021.
Да се почне одново – сезона 2021 на Велешкиот театар што се реализира во соработка и со Арс Ламина

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес, на прес-конференцијата одржана во Националната Опера и Балет, ја претстави програмата за сезоната 2021, насловена „Да се почне одново“.

Насловот на сезоната произлегува од театролошкиот проект што театарот ќе го реализира во соработка со шест национални театри, исто толку независни субјекти од културата, четири реномирани театарски фестивали и издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на проектот, чијшто глодур е проф. д-р Јелена Лужина заедно со експертски тим од неколкумина домашни и меѓународни театролози, е да истражи која е и каква е потребата од промена на македонскиот театар во потрагата по неговиот автентичен модел низ европските стандарди.

Името е „врзано“ и со книгата „Да се почне одново“ од познатиот европски театрологот и универзитетски професор Драган Клаиќ за кој професорката Лужина го направи преводот на македонски јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=ZJSlGJg-iK0

Покрај театролошкиот проект, во рамките на концептот за сезоната 2021 ќе бидат реализирани и четири театарски продукции. Сезоната ќе ја отвори премиерата на театарската претстава „Четири соби“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, предвидена за средината на април. Втората продукција, танц театарска претстава, чијашто премиера е планирана за јуни, е „Петтото годишно време“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев. Третата театарска претстава е „Орестија“ од Есхил, чиишто четири делови ќе ги режираат Александар Ивановски, Ненад Витанов, Софија Ристевска Петрушева и Деан Дамјановски, во соработка со кореографите Олга Панго и Саша Евтимова од Националната Опера и Балет, како копродуцент на претставата. Со премиерната изведба на оваа претстава во јули ќе биде отворен Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. И четвртата продукција од програмата за работа е театарската инсталација „Квартет“ од Хајнер Милер, во режија на Деан Дамјановски, која премиерно ќе биде изведена во втората половина на сезоната.

Театарот ќе го реализира и годинешното издание на ИФАД „Стоби“, а во соработка со авторските екипи на театарските продукции и други гости уметници, во театарот ќе се одржат и работилници наменети за студенти и професионалци од сценско-изведувачките уметности, како и неколку трибини и панел-дискусии.

Инаку, делото „Да се почне одново“ од Драган Клаиќ и во превод на професорката Јелена Лужина е во издание на „Арс Либрис“ и е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB