Вести

Харлан Кобен е татко од предградието со 75 милиони испечатени примероци од неговите книги

11.03.2021.
Харлан Кобен е татко од предградието со 75 милиони испечатени примероци од неговите книги

Писателот на трилери Харлан Кобен во неговото интервју за престижниот медиум „Њујорк тајмс“ дава совет за сите што се заинтересирани „Доколку нешто произведува страници, одлично, доколку не, тоа е лошо“. Со 32 издадени книги и околу 75 милиони копии во печат низ целиот свет, тој веќе има склучено договори со „Нетфликс“, „Амазон“ и „Епл“ и додава дека пишува секаде, во такси, во супермаркет и речиси секаде каде што може да си го дозволи тоа. Издавачката куќа „Арс Ламина“ има издадено две негови дела, „Бегај“ и „Момчето од шумата“, кои можат да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Книгата на која работи во моментов е „Win“, а и покрај неверојатните приказни што ги пишува, тој сепак е само татко од предградието со своите четири деца.

– Кога ќе го запознаете, тој е висок и малку застрашувачки. Но, некогаш, кога ќе се симнам по скалите, го наоѓам легнат на подот со сите наши кучиња, зборувајќи им: „Кој е најслаткото куче на светот? Кој е кученце?“ вели неговата најстара ќерка Шарлот.

Романот „Бегај“ е напнат трилер за една исчезната ќерка. Таа била зависничка од дрога и од момче кое ја малтретирало. На родителите им ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена. Потоа, сосем случајно, таткото ја сретнува како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја памети. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја. Тој не размислува ни за момент и ù приоѓа, ја моли да се врати дома. Но, таа бега. Тој ја следи во мрачниот и опасен свет кој никогаш не ни знаел дека постои. Свет во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега неговиот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден...

Момчето од шумата“ е бестселер на сите релевантни листи. Човекот познат како Вајлди е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил пронајден како момче кое живеело длабоко во шумата, без сеќавања за неговото минато. Откако полициската потрага по семејството на момчето била безуспешна, тој бил даден на посвојување. Сега, триесет години подоцна, Вајлди сè уште не знае од каде доаѓа и живее во шумата во едно предградие, претпочита да биде сам и има само неколку подлабоки врски со други луѓе. Кога ќе исчезне едно локално девојче, познатата ТВ-адвокатка Хестер Кримстајн – со која Вајлди го поврзува еден трагичен настан – ќе го побара да ги искористи неговите уникатни способности за да ја најде. Во меѓувреме, група поранешни воени експерти за безбедност пристигнуваат во градот и кога ќе исчезне уште еден тинејџер, влијанието на случајот се шири надвор од границите на мирното предградие. Вајлди мора да се врати во заедницата во која никогаш не се вклопувал и во која моќните се заштитени дури и кога нивните тајни можат да ги уништат животите на милиони... тајни што Вајлди мора да ги открие пред да биде предоцна.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.79 MB