Вести

На порталот Локално.мк можат да се читаат и вести од блогот Литература.мк!

10.03.2021.
На порталот Локално.мк можат да се читаат и вести од блогот Литература.мк!

Популарниот медиумски портал „Локално.мк“ и блогот „Литература.мк“ почнаа соработка и се „споија“ со што читателите на овој медиум ќе можат да најдат и категорија со вести посветени само на книгите. Во овој дел ќе можат да се прочитаат многу написи од blog.literatura.mk што се посветени на нови домашни изданија, разговори со писатели и луѓе кои се активни во македонскиот и странскиот литературен свет итн.

blog.literatura.mk е отворен пред осум година како место каде што ќе бидат пласирани интервјуа со домашни и странски автори, информации за нови книжевни изданија, извадоци од книги и голем број други релевантни информации од оваа сфера. Севкупниот тим кој работи на blog.literatura.mk е составен од новинари, книжевни уредници и професионални лектори. На манифестацијата „Сајт на годината“, „Литература.мк“ е победник во категориите за најдобар блог во 2018 и 2020 година.

Во рамките на мисијата на „Локално.мк“ стои: „Се обидуваме да доближиме колку што е можно повеќе информации од повеќе извори за да покажеме дека секаде не е исто, не се сите исти како што сите и не се ниту новинари, ниту медиуми само поради тоа што објавуваат или пишуваат текстови. Сакаме преку понудата да се научиме да читаме, сакаме граѓаните да можат да споредуваат, да едуцираме, да наметнеме потреба од медиумска писменост наспроти медиумското слепило што се наметнува во Македонија“.

Ова е спојување на две професионални медиумски простори со цел да им се овозможат релевантни и издржани информации на читателите!

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB