По повод Меѓународниот ден на жената, од трети до осми март, заедно со другите издавачки куќи што се членки на Македонската асоцијација на издавачи, „Арс Ламина“ е дел од „Денови на книгата“, што се одржува во „Скопје сити мол“ во Скопје. Штандот ќе биде отворен секој ден од 10 до 21 часот и сите вљубеници во книгата ќе можат да најдат многу возбудливи изданија на попусти до 60 отсто.

Само мал дел од книгите што ќе можат да се купат по намалени цени се: „Агата Кристи: Автобиографија“, „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Бриџит Џонс: На работ на разумот“ од Хелен Филдинг, „100 највлијателни жени во историјата“ од Бранка Бугариска и Александра Симова, „101 мисла за жените“ од група автори, „Времето на жените“ од Елена Чижова и многу други.

На штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе можат да се најдат и широк избор на нови изданија. Посетете го „Скопје сити мол“ и бидете дел од „Денови на книгата“!