Вести

Македонската сликовница Џиновска продавница за фантазии на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

03.03.2021.
Македонската сликовница Џиновска продавница за фантазии на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

По изданието на македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева од една од најпознатите европски издавачки куќи „Трамунтана“, ова детско издание ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка како и во САД. Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и веќе неколку месеци наназад може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија.

„Џиновска продавница за фантазии“ беше промовирана во 2019 година во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача на следниот линк .

Оваа книга ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е Џинот, кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. Оваа сликовница се разликува од другите по својот џиновски формат. Дополнително, станува збор за второ издание за деца на Георгиева, на која ѝ претходи сликовницата „Ото, Ото и Ото“.

Бистра Георгиевска и Моника Каретеро, која е една од најпознатите европски илустраторки, соработуваат по вторпат. Само еден сегмент од биографијата на Каретеро е дека таа е авторка на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и САД, а добитничка е и на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и шпанскиот саем на книги.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB