Вести

Литература.мк – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022

10.03.2023.
Литература.мк – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022
Литература.мк – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022

 

Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (9 март), во „Даблтри Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje), беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2022 година. Онлајн-книжарницата www.literatura.mk беше номинирана и во категоријата Е-трговец со најдобра достава за онлајн-нарачки.

На изборот беа пријавени над 100 е-трговци од нашата земја, кои се натпреваруваа во 23 категории. Во категориите каде што имало повеќе од 30 кандидати се доделија три награди, а во тие со помалку пријавени имаше еден победник. За најдобрите одлучи гласањето на публиката и стручно жири.

 

Сајтот www.literatura.mk повеќе од десет години е препознатливо интернет-сврталиште за сите љубители на книгите. Тоа е едно од осумте продажни сервиси на „Литература.мк“, покрај книжарниците, кои се лоцирани на најфреквентните места во Скопје, Битола и Струмица. На сајтот се застапени изданија од сите книжевни жанрови, белетристика, домашни и светски класици, стручна литература, изданија за деца, лектири, дидактички материјали, гифт-програма и друго. Значајно дополнување на страницата е и наградуваниот блог https://blog.literatura.mk. Со секојдневни објави на содржини од литературата, уметноста, филмот, телевизијата, музиката и едукацијата, придонесува во поддршка и поттик на книжевната сцена и општо на културата во нашата земја.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB