Вести

Трилерот Списокот со гости од Луси Фоли продаден во два милиона копии во светот

21.07.2022.
Трилерот Списокот со гости од Луси Фоли продаден во два милиона копии во светот

Најдобриот трилер според „Гудридс“ за 2020 година и бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ – „Списокот со гости“ од британската авторка Луси Фоли се продаде во над два милиона копии во светот. Оваа информација ја сподели еден од највлијателните клубови на читатели, на познатата актерка Рис Витерспун, која ја препорачува оваа книга.

Романот на македонски јазик го објави „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и важи за еден од најбараните трилери и кај нас.

Приказната се случува на остров крај брегот на Ирска, каде што се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.

Но, совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, почнува забавата, а со многубројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.

И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

Книгата првично, на англиски јазик, излезе од печат во 2020 година, кога беше прогласена и за најдобар трилер/мистерија на изборот на една од најпознатите светски интернет-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Таа е една од најчитаните и најпрепорачувани од „Рис бук клаб“ (книжевниот клуб на Рис).

Изданието „Списокот со гости“ на македонски јазик е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14521

https://www.instagram.com/p/CgNAz5dpJOQ/?hl=en

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.44 MB