Новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 9 јуни (четврток), со почеток во 19.19 часот, во „Салон 19:19“, при Културно-информативен центар – Скопје. Промотивниот настан ќе биде мултимедијален, со книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, на која ќе учествуваат еминентни уметници, актери и музичари.
„Соништата на писателот“ е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и со нашиот животен пат, сè до новата свесност на убавината и смислата.
Д-р Мимоза Рајл е директор на Институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професор по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.