Ново

Ново

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“
19.
Dec
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“. 
Што го инспирираше Алекс Мајклидис да го напише романот „Фурија“?
17.
Dec
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати извори за неговото најново дело – „Фурија“. Сите ги сакаат приказните што се случуваат во Грција, а Мајклидис, кој потекнува од Кипар, е под особено влијание од својата татковина. Тука се и несопирливите сили на Холивуд и терапијата.
Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност
29.
Nov
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а на родителите и наставниците полесно да ги објаснат гломазните зборови, како политика, еманципација, екологија, идентитет и слично, издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот за деца „Либи“ ја почна новата едиција „Големи зборови за мали уши“. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека.
Shelf Help - Нова едиција на „Арс Ламина“ - затоа што неопходната помош доаѓа од полиците
29.
Nov
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот. Едицијата ги опфаќа најважните теми што го засегаат современиот човек. Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да им понудат на читателите фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици: животен стил, ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, семејство и родителство, како и филозофија.
Black Friday во книжарниците „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%
22.
Nov
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозно големи попусти, дури и до 90%!
Промоција на книгата за деца „Градоначалник“ од Илина Мангова
21.
Nov
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека.
Кои интернационални бестселери наскоро ќе излезат од печат во издание на „Арс Ламина“?
19.
Nov
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македонски јазик вo издание на „Арс Ламина“. Станува збор за седум бестселери на „Њујорк тајмс“ и два класика. Дознajте повеќе за овие неверојатни романи!
Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!
15.
Nov
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никого нема да остави рамнодушен. Со овие зборови вчеравечер (14 ноември) во преполниот Младинскиот културен центар – Скопје беше претставен новиот, и досега најсложен и најсериозен роман на популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“. Кон книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа промоторката Татјана Алексиќ и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.
Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева
14.
Nov
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото влијание врз нормата. Во делото се опфатени: Македонскиот јазик во основното образование со посебен акцент на програмското подрачје јазик; Анализа на гласовните промени во писмените текстови; Консонантски групи во почетна, медијална и финална позиција; Финални согледувања од анализите и насоки за подобрување. Изданието  е заокружено со прилози и резиме на македонски и англиски јазик, како и список на богата користена литература.
„Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански
12.
Nov
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис “, дел од „Арс Ламина – публикации“, е класифицирана во едицијата „Македонски книжевни класици“, придружувајќи им се на реобјавените дела на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ,  Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Јадранка Владова и многу други.
Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ
05.
Nov
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија.
Почина Оливера Николова, мајката на сите македонски писателки
04.
Nov
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88-годишна возраст.
Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања
25.
Oct
Првата стручна книга на македонски јазик што се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања „Бубрег и бременост“, од проф. д-р Билјана Герасимовска, беше промовирана вчеравечер (24 октомври), во преполната „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Кон публикацијата, која е во издание на „Арс Ламина“ се осврнаа рецензентките проф. д-р Катица Зафировска и проф. д-р Ѓулшен Селим. Настанот беше збогатен со музички настап на Елизабета Мицева на виолончело.
Промоција на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
24.
Oct
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.
„Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска –  нова книга за специјалистичко следење на бремените пациентки
22.
Oct
Стручната книга „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска ќе биде промовирана на 24 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Катица Зафировска и проф. д-р Ѓулшен Селим. Книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања. Станува збор за прва публикација на оваа тема на македонски јазик.
„Само ова лето“- за исцелувачката моќ на љубовта
16.
Oct
„Само ова лето“ од Аби Хименез има сѐ што ѝ е потребно на една романса за да не биде жанровски потценета - зрелоста на драма и ковалентните карактери на ликовите. Ова е роман за сите што сакаат да го продолжат летото, но во никој случај не е само роман кој хронолошки припаѓа на летото, туку Хименез толку лукаво го оптегнува од есен до есен за периодот кој е најцврсто сврзан за годишниот одмор да потрае.
„Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска –  нова книга за специјалистичко следење на бремените пациентки
15.
Oct
Стручната книга што се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања „Бубрег и бременост“, од проф. д-р Билјана Герасимовска, излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Станува збор за прва публикација на оваа тема на македонски јазик. Оваа книга содржи повеќе практични упатства кои се однесуваат на следење и третман кај жени кај кои бубрегот првпат е засегнат во текот на бременоста, како и кај жени кои веќе имаат бубрежно заболување.
Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски
27.
Sep
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. 
Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации
26.
Sep
Во присуство на многубројни гости, спортски легенди, новинари и обожаватели од сите генерации, вчеравечер (25 септември) во преполната „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоцијата на првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев.
„Квантна надмоќ“ од  Мичио Каку открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè
30.
Jul
Интернационалниот бестселер што открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè, „Квантна надмоќ“ од д-р Мичио Каку излезе од печат на македонски јазик. Ова е второ дело на Каку, по популарната книга „Иднината на умот“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.06 MB