Најнови изданија

Промоција на книгата Природно убави со Биодевојка од Вики Андонова

18.05.2018.
Промоција на книгата Природно убави со Биодевојка од Вики Андонова
На 22 мај (вторник) во 18 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) ќе се одржи промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова. „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна. Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата. На промоцијата ќе има многубројни изненадувања. Авторката ќе одржи козметичка работилница, на којашто ќе направи органски производи по рецептите објавени во книгата. За првите 50 купени книги на промоцијата следува и подарок (по случаен избор) од следните органски марки: „Д-р Хаушка“, „Логона“, „Институт Органика“, „Ома Гертруде“, „Натура Сиберика“, „Алверде“ (DM), „Натурал козметикс“ (козметика од Кожув), „Натура Италијана“ (ладно цедено маслиново масло), „Гемард“, „Шарини органик парфумс“ и „Фитс органик мејкап“. На крајот од промоцијата Андонова ќе потпише примероци од „Природно убави со Биодевојка“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB