Најнови изданија

Книгата Неописливи нешта од Џес Лаури e инспирирана од вистинска застрашувачка приказна

24.11.2021.
Книгата Неописливи нешта од Џес Лаури e инспирирана од вистинска застрашувачка приказна

Некои книги влеваат страв со многу крв, неизвесност и насилство. Други, пак, со реалноста од најтемните ќошиња на животот. Одличниот роман „Неописливи нешта“ од Џес Лаури спаѓа во втората група. Книгата, која деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е инспирирана од вистинска, застрашувачка приказна, од родниот град на авторката, Минесота. Во таа мала заедница ништо не е тивко – или безбедно – како што изгледа. Како што сугерира и самиот наслов, ова е приказна за неискажливите ужаси на едно мало место, со незамисливи тајни.

Раскажан низ очите на една девојка (Кеси Мекдауел) која наскоро ќе стане тинејџерка и која се бори да ги разбере опасностите што демнат на периферијата од нејзиниот живот, „Неописливи нешта“ е исклучителна фикција на напнатост, со живописни и описи и потресни исповеди.

Животот на Кеси Мекдауел во Минесота, во осумдесеттите години на 20 век, изгледа совршено исполнет. Живее на фарма, го сака училиштето и е вљубена во најфиното момче во одделението. Да, тука се и чудните забави на нејзините родители и нивната парада од девијантни гости, но таа е навикната на нив. Сè се менува кога некој ќе дојде на лов во Лилидејл.

Едно по едно, исчезнуваат локални момчиња. Едно по едно, тие се враќаат променети – насилни, нерасположени и повлечени. Она што им се случило станува предмет на шокантни гласишта. Обвинувањата кој би можел да е виновен растат толку диво, што на површина почнуваат да излегуваат опасни тајни од градот. И сестрата на Кеси поминува низ процесот на мрачни промени. Доколку сака да преживее, Кеси мора да го најде нејзиниот пат во светот на возрасните каде што секој грев е оправдан, а само вистината непростлива.

Книгата „Неописливи нешта“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.77 MB