Најнови изданија

Мајк Викинг во Уметноста на создавање спомени открива како да создавате и да помните среќни моменти

09.11.2021.
Мајк Викинг во Уметноста на создавање спомени открива како да создавате и да помните среќни моменти

Која е вистинската тајна на среќата? Одлични спомени! Од авторот на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат „Уметноста на создавање спомени: како да создавате и да помните среќни моменти“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Викинг, кој е истражувач на среќата и најпродаван автор на „Њујорк тајмс“, во оваа книга открива како да создавате и да помните среќни моменти, кои го прават животот посладок.

Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи никаква трага зад себе, а некои ги помниме засекогаш. Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо потстрижената трева на совршен летен ден? Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени.

Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, „Уметноста на создавање спомени“ ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.

Сеќавањата се камен-темелник на нашиот идентитет, обликувајќи кои сме, како постапуваме и како се чувствуваме. Во својата работа како истражувач на среќата, Викинг советува дека луѓето се посреќни ако имаат позитивен, носталгичен поглед на минатото. Но, како да ги создадеме и да ги чуваме спомените кои ни носат трајна радост? „Уметноста на создавање спомени“ испитува како се создаваат, складираат и потсетуваат менталните слики во нашиот мозок, како и „уметноста на отпуштање“ – зошто имаме тенденција да забораваме одредени моменти за да направиме простор за подлабоки, позначајни. Користи податоци, интервјуа, глобални истражувања и експерименти во реалниот живот за да ги објасни нијансите на носталгијата и различните начини на кои формираме спомени околу нашите искуства и ги потсетуваме – откривајќи ја моќта што „првпат“ ја има врз нашите сеќавања и зошто музичко парче, мирис или вкус неочекувано може да предизвика момент од минатото. На крајот, Викинг покажува како секој од нас може да создаде топли спомени кои ќе останат во нас со години.

Комбинирајќи го неговиот препознатлив шарм со скандинавската искреност, исполнета со инфографици, илустрации и фотографии, содржи и „совети за среќна меморија“, „Уметноста на создавање спомени“ е инспиративна медитација и практичен прирачник исполнет со идеи што ќе ни помогнат да ги создадеме спомените кои ќе ни донесат радост во текот на нашите животи.

Книгата е веќе достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку www.literatura.mk

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14748

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB