Најнови изданија

Новите книги Мојата Пепелашка и Совршенство го комплетираат серијалот Безнадежно од Колин Хувер

02.11.2021.
Новите книги Мојата Пепелашка и Совршенство го комплетираат серијалот Безнадежно од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во издание на „Арс Либрис“.

Во „Мојата Пепелашка“, една случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило помеѓу нив изгледало совршено само зашто тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките. Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“... тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?

„Совршенство“ е новела што на сцената ги враќа некои од најомилените ликови на Хувер. Раскажана од гледна точка на Даниел од „Мојата Пепелашка“, читателите конечно ќе го добијат заклучокот на кој се надеваа. За најдобро читателско искуство и комплетирање на оваа трогателна приказна, препорачуваме да ги прочитате и претходните три дела од серијалот: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“ и „Мојата Пепелашка“.

Во серијалот на Колин Хувер се романите: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“.

„Безнадежно“ е приказната за лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Ова е навидум безнадежна приказна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе ве врати во времето на вашата прва љубов.

Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено, и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија. Во „Изгубена надеж“, прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но, она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење… Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мора да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.

Покрај серијалот „Безнадежно“ досега во издание на „Арс Либрис“ се и книгите „Без Мерит“, како и „Исповеди“, која е добитничка на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса.

Книгите од Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB