Најнови изданија

Жената со црвена коса од Орхан Памук e комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата

29.10.2021.
Жената со црвена коса од Орхан Памук  e комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата

По „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, деновиве од печат излезе романот „Жената со црвена коса“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

„Жената со црвена коса“ е комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата, книжевноста и стварноста, Западот и Истокот. Приказна преокупирана со таткоубиството и Цар Едип на Софокле; но, исто така, и приказна за синоубиството, за Рустем и Сухраб, раскажана во епот „Шахнаме“ на персискиот поет Фирдуси. Роман што уште еднаш ја потврдува комплексноста и сериозноста на Орхан Памук. При крајот на XX век, во град близу Истанбул, мајсторот Махмут и неговиот чирак Џем копаат бунар на едно навидум пусто и суво место. Мачејќи се да стигнат до скапоцената вода – што ќе го „разбуди“ местото и ќе ја поттурне економијата – тие развиваат длабок однос: Махмут го пронаоѓа синот што никогаш го немал, а Џем таткото што го напуштил. Во меѓувреме, на сцена стапува жената со црвена коса, а во Онгорен се случува страшна и голема несреќа, несреќа што ќе остави длабока траума во животот на момчето.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14736

„Истанбул“

Првата книга од овој серијал – „Истанбул“ е прекрасен омаж, каков што и му прилега на овој голем град. Евокативна и документаристичка, автобиографска и историска, Орхан Памук во оваа книга пишува прекрасна „песна“ за градот во кој се родил и во кој сè уште живее и пишува. Тој ни раскажува за детството, за елитното средно училиште, за архитектонскиот факултет, за неговите родители и омилената баба, но истовремено зборува и за сликарот Мелинг и за неговите прекрасни слики на Истанбул, за патописите на Нервал, Готје и Флобер и, секако, за прекрасниот Босфор. Перспективата постојано се стеснува и сe проширува, но никогаш не е здодевна, зашто меланхоличниот хузун, што ги обвива страниците на оваа книга, ни зборува еднакво на сите – иако не живееме во Истанбул.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13665

„Белата тврдина“

Во „Белата тврдина“ на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“? Во неа еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13669

„Нов живот“

„Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот.“ Вака почнува „Нов живот“, најбргу продадениот роман во историјата на Турција − роман за патување, авантура и една многу посебна книга што им го менува животот на сите што ќе ја прочитаат. Студентот Осман чита книга чијашто содржина Памук не ни ја открива; во јадрото на романот стои голема празнина што читателот мора да ја пополни самиот. Но, таа празнина е повеќе од значајна, затоа што го води младиот протагонист низ низа патувања, авантури и заговори – и, секако, до прекрасната Џанан, љубовта на Осман − која стои рамо до рамо со Беатриче на Данте или со некои од мистериозните ангели на Рилке. Единствено што знаеме е дека книгата ветува нов живот. Но, дали ќе се оствари тоа ветување?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13670

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB