Најнови изданија

Убиство на свадба од соништата во Списокот со гости – победнички трилер на изборот на Гудридс

13.04.2021.
Убиство на свадба од соништата во Списокот со гости – победнички трилер на изборот на Гудридс

Џулс и Вил се пар од соништата. На нивната свадба што се одржува на остров на брегот на Ирска ги канат сите свои најблиски роднини и пријатели. Но, гостите имаат други планови и со себе носат тајни и потиснат гнев. Тензиите растат уште од почетокот. Невреме го погодува островот, а свадбената торта е едвај пресечена кога еден од гостите е најден мртов. Кој е убиецот? И уште поважно, зошто? Одговорот е во книгата „Списокот со гости“ од Луси Фоли, која беше прогласена за најдобар трилер/мистерија за 2020 година на изборот на најпопуларната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com).

Ова издание веќе е објавено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапно во книжарниците на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн на следниот линк.

„Списокот со гости“ е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби огромен број позитивни коментари од писателите и од книжевните критичари. „Ги евоцира големите класици на Агата Кристи... Внимавајте на навидум неважните детали за минатото на ликовите. Таму се насоките“, се вели во освртот на „Њујорк тајмс ривју“.

Луси Фоли досега ги има објавено и книгите „Хајка“, „Книга за изгубеното и најдено“ и „Поканата“, но нејзин најголем интерес се токму трилер приказните. Нејзините книги се конципирани со цел напнатоста да расте пополека и сè повеќе да го заинтригира читателот, а воедно вметнува многу мудри и интересни пресврти.

Во продолжение погледнете го видеото каде што авторката Фоли чита извадок од книгата „Списокот со гости“.

https://www.youtube.com/watch?v=-CBhK0-8GT4&ab_channel=EasonsIreland

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.42 MB