Најнови изданија

Бестселерот За пет години е неочекувана, но незаборавна љубовна приказна

05.03.2021.
Бестселерот За пет години е неочекувана, но незаборавна љубовна приказна

„За пет години“ на Ребека Серл се најде на листата бестселери на престижниот медиум „Њујорк тајмс“, а романот неодамна доби и македонски превод во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа книга се занимава со едноставното, но воедно и многу комплицирано прашање: „Каде се гледате себеси за пет години?“

Главниот лик е Дени Коен, млада и амбициозна жена која живее според правилата и точно знае каде се гледа во животот. Но, дали е толку едноставно? Овој роман може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.

Кога врвната адвокатка Дени ќе ја добие работата од соништата и ќе ја прифати понудата за брак од нејзиното момче, таа заспива знаејќи дека е на вистинскиот пат да го достигне нејзиниот петгодишен план. Но, кога ќе се разбуди, се наоѓа во друг стан, со различен прстен на раката и покрај друг маж. Во заднината се слушаат вестите и таа сфаќа дека е истата вечер, 15 декември, но пет години подоцна, односно во 2025-та. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, таа не може да престане да размислува за тоа искуство... „За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.42 MB