Најнови изданија

Мајсторите на психолошкиот трилер Грир Хендрикс и Сара Пеканен со нова книга Не си сама, која е преведена на македонски јазик

04.03.2021.
Мајсторите на психолошкиот трилер Грир Хендрикс и Сара Пеканен со нова книга Не си сама, која е преведена на македонски јазик

Авторскиот тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен во својата нова книга „Не си сама“ повторно „носат“ неверојатен, неочекуван психолошки трилер, што годинава влезе и во потесниот избор во категоријата „најдобра мистерија и трилер“ на најчитаната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Овој роман сега е преведен и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапен во книжарниците на „Литература.мк“, а може и да се нарача онлајн на следниот линк. Покрај ова издание од писателската двојка, на нашиот јазик веќе може да се прочита и книгата „Анонимна девојка“.

Шеј Милер сака да најде љубов, но таа ја заобиколува. Сака да биде исполнета, но нејзината работа оди кон ќор-сокак. Сака да припаѓа некаде, но нејзиниот живот станува сè повеќе осамен.

Тогаш Шеј ги сретнува сестрите Мур. Касандра и Џејн живеат гламурозен и совршен живот и секогаш го добиваат она што го сакаат. Кога ќе ја внесат Шеј во нивниот круг на познајници, сè изгледа подобро. Шеј би умрела за тие да ја прифатат, а можеби и ќе мора да го направи тоа...

Во интервјуто што Хендрикс и Пеканен го дадоа за blog.literatura.mk во јули минатата година дадоа и мало објаснување зад главниот лик во „Не си сама“.

‒ Кога почнавме да пишуваме заедно, знаевме дека сакаме да креираме комплексни женски карактери со кои читателите лесно ќе се поврзат. Двете студиравме психологија и сме љубопитни студенти на човечкиот ум. Слушаме многу психолошки поткасти, претплатени сме на „Психологијата денес“ (Psychology Today) и читаме нефикција што вклучува психолози, на пример, „Можеби треба да разговараш со некого“ (Maybe You Should Talk to Someone) на Лори Готлиб и „Добро утро, чудовиште“ (Good Morning, Monster) на Кетрин Гилдинер. Толку многу ја сакаме психологијата што главниот наратор во романот „Анонимна девојка“ е психијатар – истакнаа двете авторки.

Хендрикс и Пеканен продолжуваат да пишуваат, а дел од нивните дела се веќе во подготовка да се екранизираат.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.79 MB