Најнови изданија

ПРИКАЗНА ЗА БРАТ И СЕСТРА, НИВНИОТ ДОМ ОД ДЕТСТВОТО И МИНАТОТО ШТО НЕ МОЖАТ ДА ГО ОСТАВАТ

02.03.2021.
ПРИКАЗНА ЗА БРАТ И СЕСТРА, НИВНИОТ ДОМ ОД ДЕТСТВОТО И МИНАТОТО ШТО НЕ МОЖАТ ДА ГО ОСТАВАТ

„Мислиш ли дека е возможно човек некогаш да го види минатото какво што, всушност, било?“

Финалист за Пулицеровата награда, бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Сандеј тајмс“, една од најдобрите книги за 2019 година според „Њујорк тајмс“, списанието „Тајм“, „Вашингтон пост“, списанието „Опра“, „Вог“ и „Базфид“.

„Холандската куќа“ на Ен Пачет, број 1 авторката на „Њујорк тајмс“ од Комонвелтот, е нејзино најмоќно дело досега: емотивна приказна за нераскинливата врска меѓу брат и сестра, куќата од нивното детство и минатото од кое не можат да се ослободат. Приказна за изгубениот рај што навлегува длабоко во прашањата за наследството, љубовта и простувањето, за тоа какви сакаме да бидеме и кои всушност сме.

„Како ластовиците, како рибите лосос, бевме беспомошни заробеници на нашите патишта на преселба. Се преправавме дека она што го загубивме беше куќата, не нашата мајка, не нашиот татко. Се преправавме дека она што сме го изгубиле ни го одзела личноста која сè уште живееше во онаа куќа.“

На крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал.

„Само неколкумина современи автори имаат форензичко око, изострена перцепција и сочувствително разбирање за човечката природа. Би ја читала и листата за пазарување на Ен Пачет“, Џоџо Мојес.

Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини.

Во животот постојат неколку мига во кои скокаш нагоре, а минатото на кое дотогаш си стоел отпаѓа под тебе, додека иднината врз која мислиш дека ќе доскокнеш сè уште не е каде што треба да биде, па за миг така висиш во воздухот и притоа не знаеш ништо и не познаваш никого, дури ниту себеси.“

Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана.

Холандската куќа нуди... во исто време свесност за човечката кршливост и за неговата издржливост“, „Дејли телеграф“.

Автор: Татјана Димовска - Атанасова

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.44 MB