Најнови изданија

Трите дела од серијалот Темната граѓа, што го инспирирaa и Холивуд, се достапни на македонски јазик

17.02.2021.
Трите дела од серијалот Темната граѓа, што го инспирирaa и Холивуд, се достапни на македонски јазик

Филип Пулман е автор на бестселери меѓу кои и трилогијата наменета за млади читатели „Темната граѓа“ која е составена од книгите „Поларна светлина“, „Суптилниот нож“ и „Килибарниот дурбин“. Овие дела се објавени и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Пулман во 2008 година од дневниот весник „Тајмс“ бил прогласен за еден од 50-те најважни британски писатели од 1945 година. Додека, во анкета што ја спровеле од „Би-би-си“ во 2004, тој се нашол на 11. место како највлијателна личност во британската култура. Серијалот „Темната граѓа“ исто така беше и инспирација за ТВ-серија во продукција на „Ејч-би-о“ и „Би-би-си“. Сега овие книги може да се купат и во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на следниот линк: www.literatura.mk.

Првиот дел од трилогијата „Темната граѓа“ насловен „Поларна светлина“ има и своја филмска адаптација – „Златниот компас“. Во ова остварување глумат: Никол Кидман, Даниел Крег, Ева Грин, Сем Елиот и Ијан Мекелен. Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на колеџот „Џордан“ во Оксфорд. Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат помеѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство. Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на нејзиниот свет... „Поларната светлина“ може да ја нарачате и на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14395

„Суптилниот нож“ е вториот том од трилогијата „Темната граѓа“ кој исто така е достапен на македонски јазик. „Вистинско ремек-дело на интелигентното и фантастично раскажување“, има напишано медиумот „Дејли мејл“ за ова издание. Вил има 20 години и тукушто убил човек. Сега е сам, во бегство и одлучен е да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговиот татко. Повеќе за ова дело може да дознаете на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14446

„Килибарниот дурбин“ е третиот и последен том од трилогијата „Темната граѓа“. Делото е напишано уште во 2000 година, а денес романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класици на детската литература. Вил и Лира, чиишто судбини се поврзани со моќи што ги надминуваат нивните светови, се насилно разделени. Но, тие мораат да се пронајдат еден со друг, бидејќи пред нив лежи најголемата војна на сите времиња – и патување во едно темно место, од кое никој никогаш не се вратил... Дознајте повеќе за „Килибарниот дурбин“ на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14444

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB