Најнови изданија

Драг Едвард која според Њујорк тајмс и Вашингтон пост е една од најдобрите книги во 2020 година, доби и македонски превод

01.02.2021.
Драг Едвард која според Њујорк тајмс и Вашингтон пост е една од најдобрите книги во 2020 година, доби и македонски превод

Книгата „Драг Едвард“ од Ен Наполитано влезе и во потесниот избор во категоријата „фикција“ на изборот за најдобри дела во 2020 година на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Ова дело, брзо по излегувањето, стана бестселер на „Њујорк тајмс“, а на почетокот на годинава доби и превод на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е достапно во книжарниците „Литература.мк“ и да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Ен Наполитано досега има објавено и две други новели, а со години работела како заменик-уредник на литературниот магазин „Една приказна“ (One story). „Драг Едвард“ првично била објавена во САД и во Обединетото Кралство, но делото сега има 26 интернационални издавачи и влезе на листата на најдобри книги за 2020 година од „Вашингтон пост“, „Лајбрери Ридс“, „Парејд“ и „Амазон“.

Едно летно утро, дванаесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници на летот од Њуарк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и еден финансиски вундеркинд активен на Волстрит, млада дама која се соочува со несакана бременост, ранет авганистански ветеран, бизнис-тајкун и слободоумна жена која бега од својот маж. И тогаш – се урива авионот. Едвард е единствениот преживеан. Случајот на Едвард го привлекува вниманието на јавноста, но нему му е тешко да се соочи со загубата на семејството. Непрестајно чувствува дека душевниот мир го изгубил на оној судбоносен лет и дека неговата судбина засекогаш е врзана со авионот и со преостанатите патници...

Фокусот во „Драг Едвард“ е ставен на внатрешниот живот на главниот протагонист и е повеќедимензионален портрет на незаборавна група ликови и трогателна илустрација на различните начини на кои може да закрепне едно скршено срце.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB