Најнови изданија

Флора и Улис: Возбудливи авантури е детска инспиративна приказна од познатата авторка Кејт Дикамило

18.01.2021.
Флора и Улис: Возбудливи авантури е детска инспиративна приказна од познатата авторка Кејт Дикамило

Флора и Улис: Возбудливи авантури“ е дело на Кејт Дикамило, авторка која воедно се има најдено и на првото место како најпродавана писателка на листата на престижниот весник „Њујорк тајмс“. Оваа нејзина книга е исполнета со ексцентрични и шармантни карактери и е конципирана во нов и возбудлив формат. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.

Книгата почнува како и која било друга суперхеројска приказна – со трагична несреќа во неочекувани околности. Верверичката Улис не ја виде правосмукалката, но циничната Флора е вистинскиот човек за да се вклучи. Сепак, Улис е прероден со неверојатни моќи врзани со неговата сила, а патем ќе се промени и Флора додека ги дознава можностите за надеж и значењето на широкото срце.

Кејт Дикамило е американска писателка на детска фикција и е една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Таа воедно била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB