Најнови изданија

Токсични луѓе од Велко Неделковски е роман за модерниот и декадентен свет

23.01.2023.
Токсични луѓе од Велко Неделковски е роман за модерниот и декадентен свет

Најновиот роман на познатиот писател Велко Неделковски – „Токсични луѓе“, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата длабоко нурнува во секојдневието на навидум обичните луѓе, семејства и приказни околу нас, во нашата земја, во нашето време. Ликовите во кои секој читател може да препознае свој познајник или близок имаат матни сенки и сомнителни тајни што деструктивно влијаат не само на нивните туку и на животите на сите околу нив. Опачината на животот превртена пред лицето на модерниот, декадентен и токсичен свет.

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Роден е на 28 октомври 1946 година, во Скопје. Работел во Македонската телевизија како драматург и сценарист. Член е на ДПМ од 1980 година. Добитник е на наградите: на РТВ Скопје за најдобра книга за деца, за најдобра детска книга на Струшките вечери на поезијата во 1986 година, наградата „Феникс“ на Град Скопје (за постигнувања во книжевноста) и на наградата за животно дело од Македонската радио-телевизија. Голем дел од своето литературно творештво им го посвети токму на децата. Важи за мошне плоден автор, чиишто дела од својата содржина и со стилските особености им се мошне блиски на најмладите. Во свето литературно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Автор е и на низа сликовници за децата од градинките, како и романот-сликовница во десет книги „Зеленкапа во шумата Еколо“.

Негови литературни дела се збирките раскази: „Леб за тате“, „Како расте Пенчо“, „Срценца од ведро-а“, „Деници“; сказните „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки со Тимитар Итар“, „Смеантури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“, „Корнет Лизи во Шаренџам“; како и романите: „Симчо“, „Втората смена“, „Збунети години“ (објавена и во „135 тома македонска книжевност“), „Зборофон Тар-11“, „Дежурна приказна“, „Летачкиот човек Пеперут“, „Шармери од осмо“. Автор е и на стихозбирката „Шармантни песни“ и на поемата „Царче-Жарче“.

Има напишано шеесетина радиодрами за најмладите слушатели на Македонското радио (Радио Скопје). Дел од нив се преведени и снимени и во странство. Исто така, Неделковски е творец на триесет играни телевизиски серии за деца: „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други, но и на сценаријата на три снимени краткометражни филмови. Пишува и за театарската сцена. Изведени се неговите театарски драми за најмладите „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот на Ференц Молнар, „Децата од улицата Пал“.

Покрај „Токсични луѓе“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ги има објавено и романите за возрасни: „И не биди млад мајмун“ и „Песја прељуба“ и првата поетска збирка за возрасни „Тишината на зборот“, како и книгите за деца „Збунети години“, „Шармери од осмо“, „Симчо“ и „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“.

Книгата „Токсични луѓе“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14999

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB