Најнови изданија

Подоцна – нов застрашувачки роман од кралот на хоророт Стивен Кинг

25.01.2023.
Подоцна – нов застрашувачки роман од кралот на хоророт Стивен Кинг

По „Сјаење“, „Доктор Сон“, „Кери“, „Тркачот“, „Колку покрваво“ и серијалот „Зелената милја“, деновиве од печат излезе новиот, застрашувачки роман „Подоцна“ од кралот на хоророт – Стивен Кинг. Книгата, која е бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Понекогаш растењето значи соочување со твоите демони. Приказната е сместена на почетокот на новиот милениум. Главниот протагонист е едно младо момче, Џејми Конклин, кое живее со својата самохрана мајка Тиа. Џејми посакува да има обично детство, но тој не е обично дете. Има натприродна способност да ги гледа и да разговара со духовите на мртвите луѓе. Духовите мораат вистинито да му одговорат на сите негови прашања. Кога бил многу мал, Џејми доживеал голема траума, откако еден човек, кој загинал во сообраќајна несреќа во близина на Централ парк, му мавтал, иако бил мртов. Неколку години подоцна, Џејми разговара и со Мона, покојната сопруга на нивниот сосед, професорот Мартин Буркет. На почетокот на приказната мајката на Џејми е единствената која знае за неговите посебни вештини. Таа му вели да го чува тоа во тајност. Џејми може да го види она што никој не може да го види и да го дознае она што никој друг не може да го дознае. Цената на користењето на оваа способност е повисока од она што тој може да си го замисли – и Џејми го открива тоа кога детективка од њујоршката полиција ќе го вовлече во потрага по убиец, кој се заканува да нападне од зад гробот. Тој ќе се поврзе со духот на сериски бомбаш, за да открие каде е наместена неговата последната бомба...

Истовремено, вујкото на Џејми, Хари (постариот брат на мајката на Џејми), живее во дом за нега поради ран почеток на Алцхајмерова болест. Џејми стравува дека еден ден и тој ќе ја наследи оваа болест...

Според критиката, „Подоцна“ е најдоброто од Стивен Кинг, застрашувачка и емотивна приказна за изгубената невиност и предизвиците што го тестираат нашето чувство за добро и погрешно. Со ехо од неговиот класик „Тоа“, овој роман е моќно и незаборавно истражување на она што е потребно за спротивставување на злото со сите негови лица.

Американскиот писател Стивен Кинг (роден 21 септември 1947 година) важи за еден од најдобрите автори на трилери. Во својата неколкудецениска кариера има објавено над 65 романи, шест научно-фантастични книги и околу 200 кратки приказни. Неговите дела се продадени во повеќе од 350 милиони копии, а повеќето добија и успешни телевизиски и филмски адаптации. Добитник е на многу престижни награди за фикција, како и за неговиот влог во светската литература.

Романот „Подоцна“ е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15011

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB