Најнови изданија

Те знам – нов напнат трилер од Клер Мекгован

24.01.2023.
Те знам – нов напнат трилер од Клер Мекгован

Од авторката на бестселерот „Што направи?“ – Клер Мекгован, неодамна од печат излезе новиот напнат трилер „Те знам“. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Една жена наоѓа мртво тело. Дали ќе ја направи истата грешка како минатиот пат?

Кога Рејчел ќе наиде на тело во шумата, знае што треба да направи: да трча. Да избега. Да не биде пронајдена на местото на злосторството. Минатиот пат, таа не знаеше и заврши обвинета за убиство. Но, кога оваа жртва е идентификувана како отуѓената сопруга на нејзиното момче, Рејчел сфаќа дека веќе е главната осомничена.

Со сè повеќе докази против неа, единствената надеж на Рејчел е добро да ја прикрие вистината за себе. Затоа што, дваесет години претходно, таа беше некоја друга – Кејси, млада дадијарка со амбиција да стане актерка во Лос Анџелес. Кога семејството за кое работеше се брутално убиени, сите докази упатуваа на неа и таа заврши во затвор. За влакно избегна смртна казна и успеа со жалба да излезе од затвор. Сега се бори да го спаси животот што со години го градеше внимателно.

Но, како што нејзиното однесување е сè посомнително, а полицијата сè поблиску, таа се прашува: дали наоѓањето тело во шумата е ужасна коинциденција или, пак, некој ја мести за убиство? Некој што знае која е и сака одмазда...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15010

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB