Најнови изданија

Ќе се најдеме во Бомбај е трогателна и нежна приказна за една забранета љубов

28.11.2022.
Ќе се најдеме во Бомбај е трогателна и нежна приказна за една забранета љубов

Претпразничната понуда на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ деновиве се збогати со новиот роман „Ќе се најдеме во Бомбај“ од британската авторка на историска фикција – Џени Ешкрофт. Книгата е во издание на импринтот „Арс Либрис“ и е достапна во сите поголеми книжарници во државата.

Џени Ешкрофт има дипломирано историја на универзитетот „Оксфорд“ и секогаш била фасцинирана од минатото – особено од начинот на кој одредени вонредни настани можат да ги трансформираат животите на обичните луѓе.

Дејството на романот се случува во Бомбај, на новогодишната ноќ – 1913 година. Главната протагонистка, Меделин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запурничавост на колонијалната Индија, копнее по сè што оставила во Англија. Точно на полноќ, Меди го запознава Лук Деверо и како што се менува годината, така се менуваат и нивните животи.

Храбар и харизматичен, Лук ја воведува во чудата на Бомбај, а убавината и живоста на Меди му го запленуваат срцето. Но, нејзината мајка не ја одобрува врската, претпочитајќи го посветениот Гај Боуен како соодветен за нејзината ќерка.

Среде процутот на љубовта меѓу Меди и Лук, светот почнува да се распаѓа. Првата светска војна е на повидок и на Лук нема да му биде даден друг избор освен да се бори. Ќе завршат на различни континенти разделени од опасности и разорни загуби, но поврзани со ветувањето на Лук дека ќе се сретнат повторно во Бомбај. Неговата единствена желба е да се врати кај неа – но прво мора да се сети која е таа...

Експресивна и живописна проза. Карактерите се ранливи, повеќеслојни и борбени. Станува збор за емотивна приказна за животот, љубовта, семејните односи, разочарувањето, загубата, вината, тагата, надежта, пријателството и психолошките и физичките последици од војната.

„Ќе се најдеме во Бомбај“ е прекрасен спој на евокативна фикција и опиплива емоција. Тоа е трогателна и нежна приказна што ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ви прирасне за срце и ќе резонира во вас и долго откако ќе ја прочитате последната страница.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14975

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB