Најнови изданија

Низ иглени уши од Кен Фолет е возбудлив шпионски трилер од Втората Светска војна

08.11.2022.
Низ иглени уши од Кен Фолет е возбудлив шпионски трилер од Втората Светска војна

Шпионскиот трилер сместен за време на Втората Светска војна, „Низ иглени уши“ од познатиот велшки писател Кен Фолет, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, која првично била публикувана во 1978 година, е добитник на престижната награда „Едгар“ за најдобар роман, што ја доделува Американското здружение на писатели на мистерии. Во 1981 година е снимен филм, базиран на книгата, со Доналд Сатерленд во главната улога.

Дејството се случува во 1944 година. Во седмиците што претходат на Денот Д, сојузниците ги маскираат своите планови за инвазија со вешто изработени макети на бродови и авиони, а кои треба да послужат како мамка за непријателот. Ако им успее да слетаат на континентална Европа, сојузничките сили ќе добијат предност во војната што го пустоши светот со години и ќе ја однесат борбата против нацистичката закана.

Главниот лик со кодно име: Ди Надел (Игла) е таен агент на Хитлер и ладнокрвен убиец со аристократско потекло. Неговото оружје е бодежот „стилето“. Во Англија тој ги дознава плановите на сојузниците за Денот Д, но попатно ќе биде разоткриен неговиот идентитет. Следува смртоносна потера. Оставајќи зад себе траги од лицата кои ги убил, Ди Надел со помош на чамец се обидува по секоја цена да стигне до германската подморница од каде што ќе ја пренесе важната порака на фирерот, додека МИ5 го следат во чекор. Единствено патот ќе му го попречи еден мал остров во екот на една дива бура и една извонредната млада жена која живее таму...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14961

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.77 MB