Најнови изданија

Нашиот луд мозок од неврологот Дин Бурнет открива што навистина ни подготвува умот

14.10.2022.
Нашиот луд мозок од неврологот Дин Бурнет открива што навистина ни подготвува умот

Невронауката ни дава забавни и интригантни одговори на прашањата зошто понекогаш нашиот сопствен мозок нè саботира. Поради што губите во расправите со луѓе кои знаат многу помалку од вас? Зошто никогаш не можете да се сетите на името на жената со која штотуку сте разговарале, иако сте ја препознале и точно знаете која е таа и кој ве запознал со неа? И зошто, откако неодамна сте ја прекинале врската, со денови лежите склопчени на каучот, движејќи се само повремено да ги избришете солзите и носот, кој ви тече?

На овие и на уште многу интересни прашања, поврзани со „однесувањето“ на нашиот мозок, одговара неврологот и комичар Дин Бурнет во својата книга „Нашиот луд мозок: што навистина ни подготвува умот“, која деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во книгата тој вели дека на сите ни се случува да влеземе в кујна или да го отвориме лаптопот или самоуверено да застанеме на говорница и одеднаш да немаме поим што сме сакале да направиме. А сето тоа благодарение на тоа што мозокот решил да прави глупости.

Човечкиот мозок – толку блескаво паметен, толку високоразвиен – е особено збунет, погрешлив и неорганизиран. Дали знаете, на пример, дека вашето паметење е егоцентрично? Дека теориите на заговор и суеверието неизбежно се дел од еден здрав човечки мозок? Или дека алкохолот во извесна мера може да ви го подобри паметењето (само внимателно прочитајте ја книгава пред да решите лично да се уверите во ова)?

Во книгата „Нашиот луд мозок“ Бурнет нè запознава со таинствената сива (и бела) материја, толку склона да прави будалштини и попатно ни го објаснува несовршенството на величествениот човечки мозок и како тоа несовршенство влијае на сè што правиме, говориме, доживуваме.

Стручна, духовите и забавна, оваа книга им е наменета на сите што понекогаш се прашуваат зошто родениот мозок им го саботира животот или што сега повторно смислил.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14948

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB