Најнови изданија

Книгата за Нетфликс открива како стриминг-сервисот направи револуција во индустријата на забава

10.05.2022.
Книгата за Нетфликс открива како стриминг-сервисот направи револуција во индустријата на забава

Книгата за најпопуларниот стриминг-сервис изминативе години „Без правила: ’Нетфликс‘ и културата на реинвенција“ од авторите Рид Хејстингс и Ерин Маер деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Никогаш порано немало компанија како „Нетфликс“. Таа изврши вистинска револуција во индустријата на забава, остварувајќи милијарди долари профит и нудејќи им забава на луѓето во повеќе од 190 земји. Но, за да ги достигне тие височини, „Нетфликс“ требале одново и одново да се измислуваат себеси. Оваа неверојатна флексибилност би била невозможна без контраинтуитивните и радикални менаџерски методи на соосновачот, Рид Хејстингс. Тој поставил нови стандарди, ставајќи ја инвентивноста пред процесите и нудејќи им на вработените контекст, а не контрола.

Во оваа книга, Рид Хејстингс и Ерин Маер – еден од највлијателните деловни мислители на светот – навлегуваат длабоко во контроверзните идеологии што на „Нетфликс“ им донеле резултати на кои им завидува светот.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14905

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB