
Одговорот на овие, но и на многу други прашања, ќе го добиеме од „прва рака“ во новата книга „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Василкоски е предавач на најпрестижните универзитети во светот, како Харвард и МИТ, и човек кој е на „ти“ со врвните светски авторитети од областа на природните науки. За фасцинантните вселенски теми авторот е во непосреден контакт со изворите на знаењата со кои може да се пофали современото човештво.
Книгата „Мултиверзум за почетници“ е првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик. Авторот, Златко Василковски, е горд велешанец кој на своите студенти во Харвард и на колегите ширум светот со љубов им раскажува за својата Македонија и за својот Велес.
Оваа книга, покрај тоа што е напишана на разбирлив јазик и неоптоварена со несовршеностите на преводот, е и исклучително актуелна, опфаќајќи и научни сознанија до кои е дојдено во 2021 година.
Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година, за книгата на Златко ќе каже: „Ме воодушеви големата сеопфатност на книгата. Почнувајќи со потеклото на нашиот универзум, проследено со создавање на животот на Земјата, човековата цивилизација, па сè до денешната наука и идејата за мултиверзумот. Уште поважно е што овие идеи се многу јасно изложени, што ги прави достапни за читателите кои имаат само минимално разбирање на денешната физика“.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14846